Италијанската еспресо сензација

Attibassi е традиционален бренд од Болоња, познат по високиот квалитет на своите производи. Компанијата започнува како занаетчиска работилница за печатење на кафе, создадена од Agostino Atti и Marco Bassi во 1918-тата година.

Производите на Attibassi успешно се наметнуваат на пребирливите вкусови на вистинските гурмани, потпомогнати од болоњската атмосфера, позната по добрата кујна и традиционалните кулинарски вештини. Уште од самиот почеток, користејќи ја современата технологија, компанијата работи со главен мотив: Страст за производство на традиционално и висококвалитетно италијанско еспресо.

ИСТОРИЈА НА КАФЕТО

Кафето има заводлива историја, која со себе ја носи магијата на далечните земји и култури. Зрната на овие драгоцени растенија се појавуваат во Европа благодарение на истражувачи, авантуристи и трговци кои стануваат редовни патници на некогашните бродски рути. Тие се заслужни за секојдневното задоволство кое го чувствуваме кога пиеме одлично кафе.

Брендот Attibassi ви гарантира задоволство со секој производ преку строга селекција на секое зрно кафе, како и употребата на методи за обработка кои се базираат на една едноставна, но ефикасна формула: „Совршена комбинација од искуство и примена на најмодерните индустриски процеси на производство.“.

Вистинската мешавина на еспресо кафе содржи најквалитетни зрна Арабика и Робуста: И додека зрната Арабика на кафето му ги даваат познатите арома и мирис, зрната Робуста се задолжени за густината и „телото“. Кога овие два типови на зрна ќе се спојат, се добива неодолив вкус, богат со италијанска традиција.

Печењето ги нагласува природните карактеристики на секоја врста кафе, додека мелењето игра важна улога во подготовката на квалитетно кафе. Опремата - кафемат и мелница - и искусниот бариста ја комплетираат волшебната формула за припремање на вистинско и одлично еспресо, или капучино.

ПРОИЗВОДИ

Секоја мешавина на Attibassi е ексклузивен и таен рецепт, усовршуван низ годините со единствена цел да се добие беспрекорен производ. Природните карактеристики и квалитетот на зрната кафе употребени во мешавините на Attibassi се нагласени преку умешното печење, и гарантирани преку напреден и компјутерски контролиран процес на производство.

Секојдневно, како во Македонија, така и во Италија, и целиот свет, со секоја шолја се служи истиот квалитет и професионалност; основни вредности на увозниците и дистрибутерите на Attibassi насекаде.

SUBLIME 100% ARABICA

Префинета мешавина од 100% зрна Арабика, кои со себе носат непроценливо богатство од миризливи и цветни ароми. Висококвалитетните и драгоцени зрна му ги подаруваат на ова кафе типичните цветни и овошни мириси. Посебното печење го заокружува деликатниот вкус и слатката арома.

Состав: 100% Арабика Пакување: 1 кг

ATTIBASSI CREMA D' ORO

Совршено избалансирана мешавина создадена од внимателно избрани зрна. Бразилските Арабики подаруваат сладок и богат вкус, додека зрната Арабика од Централна Америка и Етиопија го збогатуваат кафето со уникатни цветни и ароматични ноти. Зачинета со мал процент на квалитетни зрна Робуста, мешавината добива полност и одлично тело.

 

Карактеристиките се усовршуваат со вешто, бавно и постепено печење. Целта е едноставна: да се создаде кафе кое ќе ги изненади и вистинските познавачи.

Состав: 80% Арабика, 20% Робуста Пакување: 1 кг

ATTIBASSI 1918

Еспресо мешавина која најдобро го отсликува типичниот италијански вкус, и гордо го претставува долгогодишното искуство на Атибаси.

 

Внимателно избрани зрна Робуста од Индија, Африка и Далечниот Исток, совршено споени со Бразилски Арабики, создаваат мешавина со извонредно богат карактер. Накратко кажано, телото и аромата се избалансирани до совршенство.

 

Атибаси 1918 е исклучително доверлив производ со кој секој бариста може да подготви супериорно италијанско еспресо и капучино. Ова подеднакво се должи на совршената мешавина и ексклузивниот процес на производство.

Состав: 65% Арабика, 35% Робуста Пакување: 1 кг

ФРАНШИЗА

Attibassi нуди одлична можност за започнување на сопствен бизнис со богата традиција во една растечка индустрија – индустријата на кафето. Кафето е втор најконсумиран пијалок на планетата (по водата)..

 

Концептот Attibassi франшиза е за секој поединец со претприемачки дух, кој сака да стане референтна точка за квалитетно кафе и модерен италијански кафе-бар.

 

Доколку сте квалификувани за Attibassi франшиза, имате можност да отворите и раководите со кафе-бар на полесен начин, односно за пократко време да остварите поголем профит во споредба со стандардниот угостителски објект.

 

За успехот на овој концепт доволно говорат веќе 20 отворени кафе-барови во Дубаи, и 10 нови во Калифорнија.

 

Како до франшиза?Посетете го следниот линк: http://www.attibassicafe.com/

Систем на капсули Attibassi

Капсулите Attibassi претставуваат иновативен систем на монодоза која ја задржува свежината на кафето и гарантира совршена екстракција. Монодозата е достапна во три мешавини: Aroma, Cremoso, Delicato.

 

  • АРОМА-Мешавина за оние кои го сакаат традиционалното италијанско еспресо. Создадена од избрани зрна Арабика од Бразил, и квалитетни зрна Робуста од Индија, Африка и Далечниот Исток.

  • CREMOSO-Кремасто кафе со вкус заокружен во чист италијански стил. Извонредно еспресо кое се издвојува по полното тело, и препознатливата арома која настанува од азиските и африкански зрна Робуста, и иновативната процедура на печење.

  • DELICATO-Мешавина од ретко меки и ароматични 100% зрна Арабика. На кафето му вдахнуваат типични овошни и цветни ароми. Специфичната процедура на печење го збогатува мекиот вкус и слатката арома.

Кафемат "Fiore"

Одличен производ за домашна и канцелариска употреба. Компактната и модерна машина “Fiore”, чиј ретро дизајн се вклопува во секој ентериер, овозможува љубителите на кафето да дегустираат вистинско италијанско еспресо или капучино во секој момент, и на секое место.

CREMACCINO

Кремачино е апарат кој овозможува лесно да изматите крема за капучино во домашна атмосфера. Доволно е да се наполни со ладно млеко, да се вклучи, и за 60 секунди ќе добиете совршена млечна крема, која во спој со еспресото ќе создаде извонредно капучино или макијато.

www.attibassi.it

www.attibassi.com

www.facebook.com/AttibassiMacedonia

Преземете ја брошурата