Потекло

Силно поврзана со својот тоскански идентитет, водата Fonte De Medici е симбол и синтеза на вредностите и магијата на прекрасната Италија.

 

Ретко уметничко наследство, историја и култура по кои Тоскана е позната во целиот свет. Неповторливи пејзажи со богата и дарежлива природа, која со векови подарува совршени производи и вкусови, но и уникатни минерални води.

Квалитет

Fonte De Medici се произведува во вид на негазирана, лесно газирана, и газирана олигоминерална вода. Се пакува во повеќе формати со цел да ги задоволи сите потреби на потрошувачите.

 

Хемиско-физичките својства и, пред се', ниската содржина на нитрати прават Fonte De Medici да е вода која се препорачува за конзумирање при бременост, за новороденчиња, за справување со ретенција на вода, и олеснување на диуреза.

 

Незагадената почва, надморската височина на изворот, и органолептичките карактеристики придонесуваат за висок степен на чистота, и вкус што е идеален за сите кои бараат лесна вода, богата со минерални соли.

 

Кристална, лесна и освежителна вода која претставува извор на благосостојба, и овозможува правилна реинтеграција на нашата физиолошка рамнотежа.

www.acquafontedemedici.it