Pastificio DEI CAMPI

„Pastificio Dei Campi“ се раѓа во 2007-ма година, благодарејќи на желбата за иновација на младите членови на семејството Ди Мартино, сопственици на фабриката за тестенини Пастифичо Ди Мартино (основана во 1912-тата година). Оваа нова компанија за тестенини од Грањано е плод на заедничка визија, сплотени идеи и вредности. Се темели на желбата да се произведат тестенини со највисок квалитет кои ќе бидат израз на една традиција и една област, истовремено следејќи иновативен рецепт и одржувајќи чекор со времето. Компанијата, која се наоѓа на едно навистина волшебно место, произведува само 3000 килограми тестенини дневно. Затоа, тестенините се појавуваат во „лимитирани пакувања“, како симбол на италијанската кулинарска уметност, и се наменети за вистинските гурмани.

Традиција

  • Употреба на 100% италијанско жито
  • Антички тригодишен систем за култивација на житото
  • Употреба на вода исклучиво од изворот Монте Латари (Грањано)
  • Бронзени калапи за сите форми на тестенини
  • Природно сушење на тестенините
  • Сертификат I.G.P. (Indicazione geografica protetta)

Иновација

  • Код за следливлост на житото – секое пакување е означено со код преку кој може да се дознаат карактеристиките на житото и тестенините.
  • Иновативно и дизајнирано пакување. Исклучително рачно пакување.
  • Соработка со врвни дизајнери на храна, за создавање на формите и обликот на тестенините.

PASTA DEI CAMPI - Паста на познатите шефови 

Тестенините DEI CAMPI од Грањано, не се како другите. Овие тестенини се посебни, со заштитено потекло, и се направени од следните состојки со највисок квалитет:

  • Најдоброто тврдо италијанско жито
  • Подготвена вода од изворите на Монте Латари

Ова го наложува традицијата наметната од искусни мајстори, кои знаат како вешто да ракуваат со бронзените калапи, и да го почитуваат долгото време потребно за создавање тестенини со највисок квалитет.

Ова го наложува традицијата наметната од искусни мајстори, кои знаат како вешто да ракуваат со бронзените калапи, и да го почитуваат долгото време потребно за создавање тестенини со највисок квалитет.

Многу италијански ресторани означени во гастрономските водичи како: “la Rossa” Michelin, Ristoranti d’Italia del Gambero Rosso, iRistoranti d’Italia dell’Espresso, Identità Golose , асоцијацијата Le Soste , асоцијацијата на млади европски готвачи JRE (Jeunes Restaurateurs d’Europe), за протагонист во својата кујна ги користат Pasta di Gragnano I.G.P. del Pastificio dei Campi..

Целта на Pastificio Dei Campi е да не застане во рамките на италијанските граници. Затоа, нашите тестенини веќе се дистрибуирани во многу европски и светски метрополи. Од Лондон до Париз, од Брисел до Торонто, од Вашингтон до Мелбурн – нашите тестенини ги користат многу странски готвачи.

Во Лондон, тестенините ги користат готвачи од калибарот на Giorgio Locatelli и Marco Torri, во своите ресторани „Locanda Locatelli“, односно „Semplice“.

www.pastificiodeicampi.it

 

www.facebook.com/pastificiodeicampi

Преземете ја брошурата