PASTIFICIO DI MARTINO

Најубави моменти се оние кога можеме да се посветиме на она што најмногу го сакаме, како чинија добри тестенини. Припремени на традиционален начин, тестенините потсеќаат на поема од вкусови, радост што го отвора срцето, и совршен спој на сензации. Збогатени се со состојки и сосови кои навидум изгледаат скромно, но го облагодаруваат и така високиот квалитет на внимателно избраниот тип тестенини.

Иако тестенините не се измислени во Грањано, тука се пронајдени идеалните услови за доведување до совршенство и производство на светски познат специјалитет.

ФАМИЛИЈА DI MARTINO

Страста за производство на врвни тестенини ја испишува историјата на семејството Ди Мартино, сопственик на овој бренд уште од 1912-тата година. Тајната на овие исклучително квалитетни тестенини се крие во знаењето како умешно да се комбинира традицијата, модерната технологија и изборот на најквалитетни суровини.

ПАСТА DI MARTINO

Тестенините DI MARTINO се произведени според традиционален метод од Грањано, во бронзени калапи. Се сушат на ниски температури, со најчистите локални изворски води, споени со најдобрите врсти на локална дурум пченица. Овие тестенини од самиот почеток се симбол на

Асоцијацијата на готвачи на Сорентскиот Полуостров; знак за квалитет што го соединува вкусот и професионалноста - две исклучително силни карактеристики на гастрономскиот свет во Регионот Кaмпанија.

www.pastadimartino.com

 

www.facebook.com/pastadimartino

Преземете ја брошурата