RISO BUONO

Освен органолептичките и нутритивни особини, оризот произведен во Касалбетраме, од компанијата La Mondina, на своја страна ја има и долгата традиција. Почетоците на оваа традиција датираат од крајот на XVII век, кога благородничкото семејство Гаутиери од Ница се сели во Новара, и започнува со одгледување на ориз користејќи антички методи со кои се зачувува нутритивната вредност и се достигнува совршенство.

Традицијата потоа ја наследуваат маркезите Кутика Ди Касине, а од нив преминува на сегашните сопственици - бароните Гидобоно Кавалкини. Денес, оваа традиција се смета за водечка сила, односно спој на посветеноста на генерациите, љубовта кон природата и љубовта кон сопствената земја, со трудот да се постигне врвен квалитет, и амбицијата да се задоволат вкусовите на пребирливите потрошувачи.

Оризот кој се произведува е од совршен калибар. Неговиот квалитет воедно е и нашата најголема гордост.

Производи

Производите Riso Buono се уникатни и единствени. Компанијата е единствен прозиводител на светско ниво на црниот оризот Артемиде, со што е барана од гурмет публиката со истенчен вкус.

CARNAROLI GRAN RISERVA

Карнароли е ориз со средно - долго зрно карактеризиран со висок процент на содржан скроб, што го прави зрното цврсто, компактно и оптимално отпорно на варење. Овој тип на ориз е избран од топ шефови и е познат како најдобриот квалитет меѓу италијанските типови на ориз.

ARTEMIDE GRAN RISERVA

Оризот Artemide е резултат на природно вкрстување на оризот Венере и оризот Индика. Она што се добива е ароматичен ориз со природна црна боја. Оризот Artemide има интензивна и пријатна арома, а зрното е долго и има права форма. Богат е со железо и селен (важни поради нивните антиоксидански својства).

RISO BUONO “ БРАШНО ОД КАРНАРОЛИ ОРИЗ”

Брашното RISO BUONO е резултат на бавното мелење на зрната ориз Карнароли со што се зачувуваат сите карактеристики и нутритивни вредности на висококвалитетниот ориз. Брашното од ориз, “мочико” на јапонски, е основа во исхраната на азиските популации е станува се’ по познат и во западните земји.

RISO BUONO “БРАШНО ОД АРТЕМИДЕ ОРИЗ”

Црното брашно Riso Buono е резултат на бавното мелење на зрната ориз Артемиде, со што се зачувуваат сите карактеристики и нутритивни вредности на висококвалитетниот ориз. Брашното Riso Buono е БЕЗГЛУТЕНСКИ производ со низок процент на маснотии, висока нутритивна вредност, и лесно се вари во човековиот организам.

Преземете ја брошурата