Квалитет

Во Италија, кулинарството е уметност пренесувана од генерација на генерација, вкоренета во секојдневието, одржувајќи чекор со времето.

Италијанската кујна е множество од многубројни регионални рецепти, сите со богат вкус, а лесни за подготовка. Јадењата содржат малку состојки. Токму затоа е важно истите да бидат исклучително квалитетни. Само на тој начин може да се создадат врвни специјалитети кои ја отсликуваат италијанската кулинарска традиција.

Оттука потекнува и ЦЕЛТА на “Robo“: целосно да се задоволат потребите на нашите клиенти, нудејќи им специјалитети и состојки од италијанската кулинарска традиција.

Селекција

Веќе 80 години, Robo е компанија која внимателно го утврдува квалитетот на своите производи, гарантиран од системот НАССР. Целиот производствен и дистрибутивен процес постојано се надгледува. Robo ги следи фазите на берба во полињата, и ја контролира преработката на суровините, преку ригорозни параметри на безбедност и хигиена.

Професионалност

За Robo, купувачите се секогаш приоритет. Затоа, низ годините еволуира во компанија која нуди широка палета на квалитетни производи. Овие производи можат секојдневно да ги задоволуваат потребите на професионалните лица во угостителството.

Robo производите се карактеризираат со традиција, разноликост, но и иновација. Успешно одговараат на секојдневните барања на пазарот кој постојано се менува.

www.robo.it

www.facebook.com/RoboMacedonia 

www.facebook.com/Robo-Specialità-alimentari-224781961203739